Матеј Печеновиќ и Ивана Давидовска, ученици од Тетово се наградени на натпреварот по рецитирање „Рацинови средби” во Велес. Овој натпревар по 57-ми пат се одржа во Велес по повод Денот на ослободување на градот.
Матеј, кој е четврта година во колеџот „Јахја Кемал“ освои прва награда и златен медал за рецитирање.
Ивана, ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“ Скопје , освои втора награда и сребрен медал на натпреварот по рецитирање како и пофалница на ликовниот конкурс на истоимениот натпревар.
Натпреварот по рецитирање и ликовниот конкурс беа под мотото „Мене и душата ми е црвена“.
Двајцата се членови на драмското студио Летечка театарска трупа.