Каратистката Михаела Мишовска од тетовско Беловиште, која е член на клубот Олимпик Спорт од Скопје обезбеди пласман на Светско првенство за сениори во октомври во Будимпешта, Унгарија.
Таа пласманот го обезбеди на вчерашниот Плеј-оф натпревар во Скопје со кој победниците обезбедуваат настап за репрезентацијата. Осумнаесет годишната Михаела Мишовска во категорија сениорки под 50 килограми оствари три победи и така обезбеди место во македонската сениорска репрезентација.
Светското првенство ќе се одржува од 24 до 29 октомври во Будимпешта, а претходното репрезентацијата ќе учествува и на Балканското првенство во Тирана, Албанија од 22 до 24 октомври.
ас