Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, денес имаше средба со вработените во Центарот „Една точка за услуги“ во Тетово, информираше МИОА. „Една точка за услуги“ – Тетово, ќе има нова локација во центарот на градот, подостапна за граѓаните, каде, исто така, на граѓаните ќе им биде полесно да се ориентираат.
„За да наликува на модерен центар при обезбедувањето на дигитализирани услуги, кои ќе бидат што е можно поефикасни и во корист на граѓаните, со цел работниот процес да продолжи без пречки, прво, мора да се обезбедат услови за работа на вработените, кои јавно кажувам дека се успешно остварени и воедно ветувам дека Центарот „Една точка за услуги“ – Тетово, ќе има нова локација во центарот на градот, подостапна за граѓаните“ – изјави министерот Бајрами.
Министерот Бајрами истакна дека испитани се и земени предвид сите барања кои беа официјално упатени од вработените во Центарот „Една точка за услуги“ во Тетово“.
Оваа канцеларија на МИОА беше отворена пред четири години.
Почна со работа канцеларијата „Една точка за услуги“ во Тетово