Соопштение на МВР 13 ноември 2024
Вчера (12.11.) околу 16.40 часот, полициски службеници од Полициска станица за при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во Македонија спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично).
Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.