Превентивна активност на СВР Тетово
Во текот на вчерашниот ден (11.11.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, беше реализирано последното предавање од превентивно едукативниот проект од областа на безбедноста во сообраќајот, наменет за средношколците.
Со овој проект чиј што носител беше Отсекот за превенција на СВР Тетово и кој стартуваше со имплементација на 08.10. годинава со темата – „Не управувај моторно возило без положен возачки испит“, беа опфатени 2.179 ученици од 14 тетовско – гостиварски средни училишта.
Главна цел на активноста беше подигнување на сообраќајната свест кај помладата популација, како во поглед на стриктно почитување на законските норми така и во поглед на сообраќајната култура, а со цел да се постигне поголема безбедност во сообраќајот.
Соопштение на СВР Тетово 12 ноември 2024