СВР Тетово денес објави повеќе детали за убиството во Челопек. Осомничениот убиец И.И убил негови роднини кои се татко и син на 52 и 28 години, а ранил уште еден роднина на 54 години.
-На 27.12.2023 околу 14.30 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.И.(59) од село Челопек, постапувајќи по пријава дека околу 14.10 часот во селото со огнено оружје ги усмртил неговите роднини Ф.Џ.(52) и М.Џ.(28), а го повредил А.Џ.(54), сите од истото село. Осомничениот, кој, исто така, бил повреден од огнено оружје, бил приведен во полициска станица и пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли. Еден пиштол е одземен од приведениот, а останатите два биле пронајдени во непосредна близина на починатите Ф.Џ. и М.Џ..соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле дадени на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.