Зоран Кундевски-Каре, пензионер од Тетово деновиве случајно во водите на река Пена забележал невообичаен предмет, што го извадил и видел дека станува збор за метален крст, за кој претпоставува дека припаѓа на католичките христијани.
Со сопругата денес го однеле во една од тетовските православни цркви, поточно во Пресвета Богородица во Горно маало.
-Се гледа дека подолго време крстот бил во вода. По изгледот претпоставивме дека станува збор за католички крст, а за тоа ни потврдија денес кога го однесовме во црквата Пресвета Богородица. Некои луѓе ни рекоа наоѓањето крст значи среќа, но секако местото му е во црква па затоа го однесовме во еден од нашите храмови, ни рекоа сопружниците Цветанка и Зоран Кундевски.
Луѓето од црковниот одбор предложиле, а сопружниците одобриле крстот да биде однесен во католички храм во Скопје.