Денеска (18 октомври) во периодот од 9 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги чинат пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани и санкционирани вкупно 46 прекршоци (ТЕ-31 и ГВ -15), од кои најголемиот број се однесувале на преминување на коловозот надвор од обележаните пешачки премини(42), а 4 на други прекршоци од пешаците.На пешаците-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и покани за нивно присуство на сообраќајна поука.
При контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани и 9 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до пешаците да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.на пешаците им се советува да не ги преминуваат улиците на недозволени места, а возачите да им даваат предност, односно секогаш да ги пропуштаат пешаците.