На подрачјето на СВР Тетово, денеска (12 декември) од 8 до 12 часот спроведена е акциска контрола за првенство на минување во сообраќајот, во која вкупно биле откриени и со соодветни поднесоци заокружени биле вкупно 18 прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-4).
Најголемиот број од нив се однесувале на непочитување првенство на места регулирани со соодветен знак. На возачите – прекршители им се изготвени предвидените поднесоци со парични глоби кои се движат од 45 до 300 евра во денарски противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-6).
Секторот за внатрешни работи Тетово и наредниве денови ќе ги интензивира контролните активности, при што посебно внимание ќе му биде посветено на паркирањето во централните подрачја на Тетово и Гостивар. Ќе се санкционираат непрописно, односно погрешно паркираните возила и пред се оние паркирани во таканаречени „двојни редови“, во зони на крстосници и на тротоари.
Покрај ова, засилено ќе се контролираат и возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, дотолку повеќе што претстојат серија празници, но и веќе закажани повеќе свадбени и други семејни свечености, Возачите кај кои ќе се утврди присуство на алкохол во организмот веднаш ќе бидат исклучени од сообраќај и против нив ќе следуваат поднесоци со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противвредност.