Соопштение на ВМРО ДПМНЕ Тетово со реакција на прес-конференцијата на претседателот на СДММ Марко Михаилоски:
Реакција на ВМРО-ДМПНЕ Тетово по повод прес-конференцијата на Марко Михаилоски, претседател на Социјалдемократската младина на СЕВЕРНА Македонија
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Тетово најостро ги демантира лагите на младинецот Марко Михаилоски искажани на прес-конференцијата на ден 25.12.2023 година.
Најпрво ноторна лага е изјавата дека половина од директорските и раководните позиции во Општина Тетово ги извршуваат кадрите на ВМРО – ДПМНЕ. Имено, како прво ВМРО – ДПМНЕ има само еден директор на Јавно Претпријатие и истиот во изминатиот период се покажа како најуспешен од сите директори на Јавни Претпријатија во Општина Тетово. Второ, уште само секретарското место во Општина Тетово припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ.
Мизерно и нехристијански да се лаже за функционирањето на капелата во Тетово. Таа е во склоп на Јавното Комунално Претпријатие и не постои место директор во истото. Наместо да се заблагодари ВМРО ДПМНЕ, бидејќи конечно Тетово доби достојно место за испраќање на покојните, истиот навредува по религиска основа и манипулира со чуствата на Македонците. Бидејќи лагите се толку прозирни, младинецот Марко Михаилоски конкретно нека наведе какви тоа партиски интереси има остварено ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
Соработката на локално ниво се базира на програмите презентирани за локалните избори. Реализацијата на нив зависи и од блок дотациите од централно ниво, за што во последниот период истите се намалени, се со цел да се блокира нормалното функционирање на Општината и да се создаде атмосфера која само ќе им одговара на корумпираната и однародена власт на сдс и дуи во период кога не очекуваат парламентарни избори. Класична и очигледна саботажа. Како за потсетување, претходната градоначалничка на Општина Тетово, која својот втор мандат го тераше во мандат на Владата на сдс и дуи, направи задолжување на Општина Тетово за преку 20 милиони евра, остави само долгови и извршни решенија за наплата на долгови, без да реализира барем еден капитален проект.
Исто така, треба да се постети младинецот Марко Михаилоски дека преку Министерството за образование и наука се преземаа ингеренциите при именување на директори на училиштата во Тетово.
Како се наближуваат парламентарните избори очигледно е дека расте нервозата во редовите на власта на сдс и дуи. Зошто истиот младинец не се пофали за реализација на проктот на Владата за “изградбата” на фабриката за електрични возила во ТИРЗ Тетово “инвестицискиот бум” на Попова Шапка за изградбата на модерниот скијачки центар.
Меѓутоа, на сето ова наскоро ќе дојде крај. На престојните парламентарни избори последниот суд ќе го имаат Македонците, кои трпеа и трпат навреди и национални предавства. Наместо да фокусираат на подобрување на квалитетот на граѓаните, истите на уште непочната предизборна кампања се служат со лаги и манипулации.
Во мај ќе дојде и нивниот крај.
Со почит,
ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово