Оперска претстава „Орфеј и Евридика“ од Кристоф Вилибалд Глук
Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово вечерва, 11 ноември, понеделник во организација на Здружението „Консонанца“ ќе се изведе оперското дело „Орфеј и Евридика”, од Кристоф Вилибалд Глук. Изведбата почнува во 19 часот и 30 минути. Слободен влез.
Изведувачи:
Орфеј: Бесјана Мехмеди (мецосопран)
Евридика: Дајана Молалари (сопран)
Амор: Катица Мишевска (сопран)
Корепетитор: Шкезен Бафтиари
Режија и костими: Трајко Јордановски