Прес-конференција на Бесар Дурмиши, претседател на Совет на Општина Тетово
Тетовската полиција секојдневно, неправедно ги праќа камионите на компанијата Заубермахер, на технички преглед, само за да ја попречи работата на оваа компанија која го собира сметот низ градот, а тоа се случува на само два дена пред празникот Бајрам.
Оваа акција на полицијата против општина Тетово и компанијата се случува секојдневно без никакво објаснување и јасно е дека тенденцијата е да се попречи работата на општината која постојано се грижи за подобрување на состојбата во градот и креирање подобри услови за граѓаните. Сакаме да нагласиме дека камионите на компанијата Заубермахер се регистрирани согласно Законот и сите ги исполнуваат техничките услови за да работат на терен. Но, овие проверки од страна на полицијата се вршат само на камионите на оваа компанија, со исклучок на другите возила кои кружат низ градот. Значи, имаме политичка класификација.
Јавно го прашуваме СВР, од која причина се прави вонредна проверка на камионите на компанијата, кога е познато дека проверките не можат да се прават секој ден, како што е случајот со полицијата. Полицијата досега не саботираше на разни начини со одбивање на секое барање на општината.
Замислете во рок од 20 дена камионите на оваа компанија три пати биле праќани на технички преглед, додека полицијата на Тетово не ги примила ниту ги испратила на технички преглед возилата на претпријатијата и другите државни институции, што докажува дека акцијата се одвива за политички причини и на штета на Тетово.
Од 15 март до денеска, трипати камионите на компанијата Заубермахер се испратени на техничка контрола, при што се изречени казни од 250 евра и повисоки по камион. Истиот камион во рок од 15 дена два пати бил испратен на технички преглед.
Овие контроли го одложуваат процесот на собирање отпад бидејќи техничките процедури траат долго време.
Нема да се повлечеме, туку ќе продолжиме со сите форми и сили за градот Тетово да биде чист.