За утрешната 27-ма седница на Советот на Општина Тетово на дневен ред се најде и предлог одлука за основање на јавна општинска установа Центар за култура „Мехмет Паша Дерала“.
За името на Мехмет Паша Дерала на слободната енциклопедија Википедија се вели дека бил отомански албански воен офицер и државен службеник и еден од делегатите на Албанската Декларација за независност.
-Дерала служеше како министер за војна во привремената влада на Албанија. Тој беше главна фигура на антиотоманските востанија, а исто така се спротивстави на српските и црногорските посегнувања, се вели во написот.
Според предлогот за кој треба да се гласа утре главна дејност на ова предвидена установа е од областа на културата. Предвидено е седиштето да биде на ул. „Радован Цониќ” бр. 92, односно зградата на поранешно Радио Тетово која сега ја користи општинската администрација.
За финансирање Центарот за култура „Мехмет Паша Дерала“ Тетово ќе наплаќа надоместок од корисниците на услугите, а за основањето од Буџетот на Општина Тетово ќе се обезбедат 3.000.000 денари (48 илјади евра)