Соопштение на СВР Тетово 13 април 2025
На 12.04.2025 година полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на улица „Благоја Тоска“ кај лицето Е.Љ.(32) од Тетово, при што биле пронајдени и одземени шест паковки со кокаин и еден гасен пиштол. При претресот во неговиот дом биле затекнати и лишени од слобода неговиот татко М.Л.(57) и неговиот брат А.Л.(29), а по нивно кажување Е.Љ. се наоѓал во странство. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Се работи на целосно документирање и расчистување на случајот.
На 12.04.2025 година во 17.55 часот, полициски службеници од СВР Тетово во тетовско Бањиче го лишиле од слобода Р.С.(40) од село Палатица, тетовско, кај кого при површен преглед му бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 12.04.2025 година во 21.45 часот во село Горно Палчиште полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода О.Ф.(43) од Тетово. Кај него при површен преглед му бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 12.04.2025 година во 21,15 часот, во ПО-Kамењане С.Ј.(60) од село Боговиње пријавил дека околу 16.00 часот додека бил во нива со неговиот син Е.Ј.(38) каде заедно работеле, дошле нивните соселани М.М, З.М. и А.М. кои по кратка вербална расправија, почнале физички да ги напаѓаат, при што им било возвратено. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.