Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје.
Денеска (16 јануари) од 8 до 14 часот спроведена е уште една акциска контрола, во која биле откриени и санкционирани 7 возила со неисправни сопирачки (ТЕ-5 и ГВ-2), 3 возила со неисправни светлосни уреди (ТЕ-1 и ГВ-2), 1 возило (ТЕ) со неисправен уред за управување и 2 возила со други технички недостатоци.
Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќајот, а на возачите им се изготвени предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност.
При контролата, исто така, санкционирани се и 7 возачи (ТЕ-5 и ГВ-2) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа и 1 (ТЕ) возач-почетник кој не се придржувал на законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, како и 15 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-12 и ГВ-3).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не тргнуваат на пат со технички неисправни возила и без потребната опрема, зашто на тој начин ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.