Се спречува учество граѓанските листи на следните парламентарни и локални избори заради законските измени кои им бараат повеќе потписи на граѓанските иницијативите, посочија на денешната прес-конференција од Иницијативата „Подобро за Тетово“
„Тие законски промени измените го зголемуваат прагот за собирање на потписи за независните граѓански листи и го отежнуваат нивното учество на изборите. Политичките партии се повикуваат на препораките на ОБСЕ/ОДИР за демократизација и рамноправност на изборите, додека со овие промени се случува сосема обратното: граѓанските иницијативи се дискриминирани во корист на политичките партии. Овие законски промени беа предложени од ВМРО, СДСМ, ДУИ (Арбер Адеми) и Алијанса за Албанците (Аднан Незири). Иницијалниот предлог беше скриено прифатен и од опозициските партии. Овој заеднички чин на политичките партии го изнесува на површина двојниот стандард на политичките партии што се претставуваат како „засегнати непријатели“пред јавноста, но секогаш наоѓаа начин да соработуваат кога е загрозена нивната „територија“, истакна Агрон Арифи од „Подобро за Тетово“.
Тие упатија прашања до неколкумина пратеници со барање да објаснат зошто поддржале вакви измени.
„За т.н. „европскиот фронт“ воден од ДУИ е разбирлив таков став кон граѓанските иницијативи, бидејќи, за разлика од квази-опозицијата, само граѓанските активисти беа оние што одлучно се противставуваа на штетните политики на ДУИ. Најголемото лицемерство е што овие законски промени беа поддржани и од двајца пратеници од коалицијата „Вреди“ пратеникот Кастриот Реџепи и пратеничката Сафије Садики Шаини. Ги прашуваме лидерите на политичките партии на пратениците од опозицијата кои гласаа за, Изет Меџити од Демократско Движење и Африм Гаши од Алтернатива, дали имаше претходна координација со партиите во власт за овој дискриминациски став кон граѓанските иницијативи? Ги прашуваме коалицијата „Вреди“ каков е нивниот став кон граѓанските иницијативи. Дали ги гледаат тие како непријатели, исто како ДУИ“, истакна Агрон Арифи.
„Подобро за Тетово“ смета дека потребни се најмногу 50 потписи за независни кандидат, дозвола за собирање на потписи на терен и надвор од просториите на ДИК продолжување на периодот на собирање на потписи на 30 дена, дозвола за името на независната листа на изборниот лист, дозвола за пристап на независните на изборниот список.
Од иницијативата образложуваат дека новите законски промени налагаат на граѓанските иницијативи во големите градови како Тетово да соберат 850 потписи, што е скоро еднакво со бројот на потписи потребни за формирање на политички субјект, за кој се потребни 1000 потписи.
ас