На два пункта, во близина на тетовските села Брвеница и Лешок, полициски службеници од Отсекот за превенција во содејство и координација со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во непосреден разговор ги информираа возачите за повеќе нивни обврски во зимскиот период.
Превентивно едукативната активност е под мотото „Голомразицата и снегот предизвик за учесниците во сообраќајот“ инаку дел од проектот „Биди одговорен возач, користи зимска опрема“.
Покрај тоа, на возачите им се поделија и наменски изработени летоци од МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје, како и отстранувачи на мраз од ветробранското стакла и освежувачи на воздухот во возилата
– Целта на денешната и на минатонеделната активност е подигнување на сообраќајната свест и култура во пресрет на настапувањето на зимските месеци и значително зголемената сообраќајна фреквенција на тетовско-гостиварското подрачје, која посебно ќе дојде до израз во втората половина на овој и првата на идниот месец. Притоа, посебно им беше укажано на возачите задолжително да ја користат законски предвидената опрема, да ја приспособат брзината според условите на патот и да не седнуваат зад управувач под дејство на алкохол. На возачите, исто така, им беше советувано да го проверат антифризот и маслото во нивните возила и комплетната техничката исправност, пред сè на сопирачките и уредите за управување, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Покрај тоа, на возачите им се поделија и наменски изработени летоци од МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје, како и отстранувачи на мраз од ветробранското стакла и освежувачи на воздухот во возилата.
ас