На подрачјето на СВР Тетово денеска (01.10.2023) од 10.00 до 15.00 часот спроведена е уште една од серијата акциски контроли за брзина, во која биле откриени и санкционирани вкупно 100 возила, односно возачи (ТЕ-68 и ГВ-32) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина.
Шест возила (ТЕ-3 и ГВ-3) се движеле со над 70 километри на час повеќе од пропишаната брзина, 24 возила (ТЕ-13 и ГВ-11) ја пречекорило брзината од 50 до 70 километри на час и така натаму. При контролата, исто така, биле санкционирани и 64 возила (ТЕ) кои ја пречекориле брзината во населено место, а санкционирани биле и 3 (ТЕ-1 и ГВ-2) други видови сообраќајни прекршоци.
-СВР Тетово со апел до возачите да ја почитуваат поставената сообраќајната сигнализација на патиштата и улиците која се однесува на максимално дозволената брзина на движење и да не возат пребрзо. Ова дотолку повеќе што пребрзото возење и годинава е најчестата причина за сообраќајни несреќи на ова подрачје, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.