Полициски службеници на СВР Тетово, ноќеска (21 јули) од 1 до 2 часот и 30 минути, на паркинг зад угостителски објект во тетовско Жеровјане го лишиле од слобода 34-годишниот А.Х. од Дебар затоа што кај него биле пронајдени и одземени 42 пакувања кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (20 јули) околу 15 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот тетовец Н.К. поради сомнение за негова инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. По целосно документирање на случајот на Н.К. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.