Соопштение на СВР Тетово 13 април 2024
12.04.2024 во 14.20 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.Б.(20) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава според која околу 03.00 часот тој и уште едно лице физички го нападнале С.Љ.(41) од с.Желино и со закана му ги одзеле клучевите од возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2024 во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од Х.Х.(32) и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Б.С.(29), двајцата од с.Челопек. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.