Тетово инфо, 9 март 2024 година, соопштение на МВР.
Четири деца од 13 до 15 години се повредени откако им се превртел автомобилот со кој се возеле вчера навечер на патот од Долно Палчиште кон Тетово.
На 08.03.2024 во 20.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Палчиште-Тетово патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Долно Палчиште, излетало надвор од патот и удрило во ѕид.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово“ информира МВР.