Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата 1 со краци 1,2,3 и 4 во село Радиовце. Проектот е финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт, во висина од 11.685.536 денари, информираат од Владата.
Потоа, Претседателот на Владата Мицкоски ќе изврши увид во реконструкција на ООУ „Коста Рацин“ во с. Брвеница. Проектот е во вредност од 20.298.797 денари, финансиран од Министерството за образование и наука, а опфаќа замена на кров, фасада, внатрешни врати, подови, ѕидови и плафони.
На крај, Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата Дубрава со краци 1,2 и 3 во Село Брвеница, Општина Брвеница. Проектот е во вредност од 7.715.274 денари, финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт.