Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова оствари прием за претставници на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по повод 100 годишнината од формирањето.
„Претставниците на клубот, како вљубеници во Шара, со особена посветеност раскажуваа за реализираните проекти, но и за претстојните активности годинава, како: традиционалното искачување на Титов Врв, летното ноќно искачување на Љуботен, младинското кампување во Вратница и реализирањето на планинската трка. Постојаната грижа и заштита на природата не е само поединечна и колективна, ниту локална, туку национална обврска кон идните генерации коишто имааат право на здрава и убава животна средина, како непотрошно и неотуѓиво човеково право“, се вели во објавата на претседателката Гордана Силјановска Давкова.