Соопштение на Движењето ЗНАМ За наша Македонија Тетово
Општинската Организација на Движењето ЗНАМ За наша Македонија Тетово по повод празникот Меѓународниот Ден на жената 8-ми март организираше прием на активистки членови од Клубот на жени при што со пригоден говор се обрати прерседателот на ОО Движење ЗНАМ -Тетово Небојша Захариески како и претседателката на Клубот на жени Јованка Стеваноска.
Во обраќањето силно се потенцираше самобитноста на улогата на жената во современите процеси и предизвици кои ги очекува нашето општество во наредниот период како и мошне битната улога на женскиот активизам во политичкото општествено делување.
Беа истакнати жени активистки со нивни позитивни досегашни достигнувања, како и најава на многу нови заинтересирани идни членки. Движењето ЗНАМ За наша Македонија ќе продолжи активно и во иднина да ги поддржува женските права и слободи лобирајќи силно и учествувајќи во сите процеси на донесување на одлуки на сите нивоа во Република Македонија.