СВР Тетово информира за пријава која ја поднела 57 годишна жена, а се однесувала на нејзиниот зет.
-Педесет и седумгодишната тетовка И.Т.К., вчера (13 декември) во 16 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот зет Н.С.(33) од тетовско Шемшово, кој се наоѓал во куќен притвор, агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира СВР Тетово.