Соопштение на СВР Тетово 10 мај 2024
На 09.05.2024 во 12.00 часот во СВР Тетово, А.К.(37) од Тетово пријавила дека околу 08.20 часот паркинг простор позади казиното каде што работи, едно лице со закана ѝ ja одзелo ќесата со пари од дневниот промет во казиното. Се преземат мерки за расчистување на случајот
На 10.05.2024 во 00.30 часот на регионален пат Тетово – Скопје, кај тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода Б.Л.(42), С.И.(38) и М.М.(35), сите од Тетово. при преглед во патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 09.05.2024 во 17.05 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Џ.М.(48) и Л.М.(18), двете од Република Косово, затоа што по извршена контрола било констатирано дека на илегален начин влегле во државата и не го пријавиле нивниот престој. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
На 09.05.2024 околу 23.35 часот во Полициското одделение Чегране се пријавил Д.Ј.(58) од гостиварско село, кој во 21.30 часот бил пријавен од неговиот син Л.Ј.(31) дека во семејната куќа, по кратка расправија, физички го нападнал. Се работи на расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 10.05.2024 во 02.22 часот на крстосница помеѓу улица „Маршал Тито“ и улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.Е.(28) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени и одземени остар предмет и гумена палка. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје .
На 09.05.2024 во 01.05 часот во Полициското одделение Жеровјане било пријавено дека настанал пожар во куќа во тетовски Челопек, сопственост на Ј.Ј.(72) од селото. Нема повредени лица, а пожарот била изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово