Соопштение на СВР Тетово 18 октомври 2024
На 17.10.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово 55-годишна жена од Тетово пријавила дека во почетокот на 2024 година заедно со нејзините братучеди извршиле физичка делба и префрлување на имот наследство од нивните мајки, и откако го исчистила местото кое што и следувало на неа и подготвувала документи за изградба на куќа во таа парцела во Општина Јегуновце била известена дека таа парцела по судски спор, веќе припаѓа на друг сопственик, и тоа од с. Сиричино, при што веднаш го известила нејзиниот адвокат. Пријавителката се сомнева дека биле употребени фалсификувани документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2024 во 22.30 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(29) од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 17.10.2024 во 14:40 часот во СВР Тетово бил повикан на службен разговор Н.И.(49) од с. Требош. Истиот ден околу 12.50 часот тој бил пријавен од Н.С.(53) од с. Голема Речица, дека од Н.И. кој е сопственик на правен субјект за рента а кар- возила, изнајмил возило „голф“ со кое во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна незгода и откако го известил сопственикот за незгодата и се договориле да одат во осигурителната компанија за надомест на штетата, тој физички го нападнал, а при нападот се обидел да користи и остар предмет. До целосно документирање на случајот против Н.И. ќе следува соодветен поднесок.
На 17.10.2024 во 17.05 часот во ПО Теарце М.А.(34) од Нераште, пријавила дека на 15.10.2024 кај селското основно училиште, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, односно негов соученик од школото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 17.10.2024 во 20:20 часот во ПО Камењане Б.А.(40) од с. Камењане пријавил дека неговиот малолетен син додека се враќал со автобус од школо, околу 19.30 часот во автобусот бил физички нападнат од 5 малолетници од тетовско Горно Седларце и с.Жеровјане. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2024 во период од 05.00 -08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, преземале мерки во врска вршење на јавен превоз без поседување на лиценца, казниво по член 284 -а од КЗ на РСМ, при што во 07.00 часот на регионален пат Тетово- Попова Шапка, кај с. Расадиште било запрено патничко возило ,,фолксваген“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Н.О.(42) од с. Шипковица, и патничко возило ,,цитроен“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Д.Ш.(33) од с. Шипковица, поради вршење јавен превоз на ученици без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.