41 годишникот кој пред два дена беше приведен поради најдена марихуана, вчера по распит кај судија во претходна постапка добил 30 дена притвор.
По завршената процедура во Основен суд Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го спровеле 41 годишниот А.А во Казнено-поправна установа Скопје за издржување на мерката.
Вчера СВР Тетово информираше дека на 28 февруари околу 23 часот и 25 минути го лишиле од слобода 41-годишниот при претрес во домот во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој потоа беше задржан во Полициската станица Тетово, а вчера попладне изведен и пред судија во претходна постапка.
фото МВР