Соопштение на СВР Тетово 12 април 2025г.
На 11.04.2025 година во 11.35 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица „171“ во Тетово, во близина на Сточниот пазар, го лишиле од слобода Д.А.(24) од село Градец, гостиварско. Кај него при преглед му бил пронајдена и одземена опојна дрога- кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
…..
На 11.04.2025 година во 12.00 часот, во СВР Тетово од Ургентен центар Гостивар, било пријавено дека за укажување на лекарска помош примиле лице кој се здобил со повреди при работа. Веднаш било постапено по пријавата и при преземените мерки било констатирано дека се работи за турскиот државјанин А.Б.(45) кој при работа во месара на улица „Боге Велјаноски“ во Гостивар се здобил со тешка повреда со остар предмет. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар, додека за настанот била известена и Трудова инспекција.
……
На 11.04.2025 година во 14,25 часот, полициски службеници од ПО-Жеровјане го лишиле од слобода А.А.(22) од истото село поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело „Тешка кражба во обид“ во куќа сопственост на Е.А. од село Жеровјане пријавена претходниот ден. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од КЗ на РСМ.
На 11.04.2025 година во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улицата „Јордан Златаноски“ лишиле од слобода 14 годишен малолетник од Тетово, кај кого при преглед му била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и предаден на инспектор по малолетничка деликвенција, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
……
На 11.04.2025 година во 21.30 часот во СВР Тетово, Ќ.С.(47) од село Теново, тетовско, заедно со нејзиниот малолетен син, пријавила дека во основното училиште во селото, за време на големиот одмор нејзиниот син бил физички нападнат од четири други малолетници, ученици во истото училиште. За време на пријавување на настанот присутни биле преставници од Центарот за социјални работи Тетово и адвокат по службена должност. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
……