Соопштение на СВР Тетово 14 ноември 2024
На 13.11.2024 во 14.00 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ.(23) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 20-годишна девојка од тетовско село дека презел слики од нејзиниот профил од социјална мрежа и креирал лажен профил со нејзините слики. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 13.11.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Тетово, поради непријавен престој во РСМ, била приведена Е.А.(61) од Р. Турција. Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
На 13.11.2024 во 21.45 часот во СВР Тетово, М.С.(40) од Тетово пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот татко Ќ.Н.(89) од Скопје, кој живеел со неа. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 13.11.2024 во 12.45 часот во Полициското одделение Камењане било пријавено дека настанал пожар во објект во изградба во с.Камењане. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.