Соопштение на СВР Тетово 29 јануари 2025
На 28.01.2025 година во 21:00 часот во Тетово на улица ,,121“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово. По претходно издадена судска наредба го привеле А.К.(37) од Тетово, кој се барал со распис за издржување на затворска казна во траење од 1 година и 6 месеци за сторено кривично дело казниво по член 297 став З од КЗ на РСМ. Тој е предаден во КПУ затвор Тетово за издржување на казната.
На 29.01.2025 година во 00:40 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР- Тетово го лишиле од слобода Ј.Д.(26) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот околу 23.00 часот, во нивниот семеен дом во Тетово, со остар предмет му нанел телесна повреда на неговата сестра Е.Д.(24) и на нивната мајка. Од него бил одземен остар предмет и истиот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 28.01.2025 година во 11.40 часот во СВР-Тетово М.М.(38) од Тетово пријавил дека на 21.01.2025 година влегол да ја провери неговата апликација за крипто валути на негова сметка, и забележал дека му фалат 30.15841 SOL кои на денот кога биле одземени односно на ден 18.01.2025 година имале вредност од 479.072 денари и истите биле префрлани во сметка од друга платформа, при што настанот бил пријавен и во корисничката поддршка на апликацијата. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.