Соопштение на СВР Тетово
На 15.10.2024 во 10.15 часот во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово го привеле Т.Д.(46) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 16.10 часот во СВР Тетово, О.Т.(27) од с.Брвеница, тетовско, пријавил дека околу 14.10 часот на работното место во работилница во Брвеница бил физички нападнат од неговиот колега С.Ј.(23) од Тетово, по што му возвратил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.