Соопштение на СВР Тетово 12 октомври 2024
На 11.10.2024 во 10.30 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле У.Е.(64) од Врапчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна,. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.10.2024 во 16.40 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле В.Н.(28) од Порој, тетовско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба” казниво по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.10.2024 во 15.40 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле М.А.(47) од с.Градец, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.10.2024 во 16.50 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Г.И.(44) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговиот син и неговата мајка. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 11.10.2024 во 15.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во шума во атар на с.Куново, гостиварско, при вршење на службени дејствија, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле стебло од растението канабис сатива. Извршен бил увид и стеблото било подигнато за понатамошна постапка.
На 12.10.2024 во 01.15 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ј.А.(20) од с.Врапичиште, гостиварско, затоа што кај него биле пронајдени гасен пиштол и електро шок. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случјот против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Закон за оружје.