Соопштение на СВР Тетово за евидентирани настани.
Вчера (5 декември) околу 20 часот и 30 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот Н.М. од тетовски Пирок, кој претходно бил пријавен од 21-годишната Е.С. од тетовско дека десетина минути пред тоа на улица „ЈНА“ во Тетово физички ја нападнал. Задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.
Ноќеска (6 декември), десетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот тетовец М.В., а кој еден час пред тоа во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (5 декември) околу 20 часот во Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот А.Е. од Тетово. При претрес извршен во неговиот дом на 22 минатиот месец, на кој А.Е. не бил присутен, бил пронајден хероин. Инаку, тој со судска наредба и по распишана потерница се барал и за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
Вчеравечер (5 декември) околу 23 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20 годишниот тетовец А.Л. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (5 декември) околу 19 часот и 20 минути кај 19-годишниот А.Р. од тетовска Мала Речица пронашле и одзеле нож. Против него ќе следува соодветен поднесок.