Соопштение на СВР Тетово 15 април 2025г.
На 14.04.2025 во 19.30 часот на улица „Горна Чаршија“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Р.(30) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.04.2025 во 21.00 часот на автопатот Тетово – Гостивар, кај наплатна рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(43) од с.Боговиње, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.04.2025 во 22.50 часот на крстосница од улица „Киро Ристовски Дрнц“ со улица ,,Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.И.(44) и С.А.(51), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.04.2025 во 23.45 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(19) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.