Виш кустос Сашко Николоски, вработен во Националната установа Музеј на тетовски крај Тетово ја изработи содржината на публикација насловена „80 години од трагичниот настан во Беличица“ која е во во процес на печатење и наскоро ќе биде достапна за јавноста.
Карактеристично за ова издание е што ќе има колоризирани фотографии од сите 21 загинат борец од Третиот тетовски партизански одред.
„Книгата е направена во А5 формат и има 48 страници, 26 илустрации и 2 табели. За истата цел е направен каталог и фотоалбум од загинатите борци во Беличица. Проектот е подржан од страна на Министерството за култура на РС Македонија и е подржан проект од годишната програма за националните установи за 2024 година од областа на музејската дејност и заштита на нематеријалното културно наследство“ информира авторот виш кустос Сашко Николоски, при НУ музеј на тетовски крај Тетово.
Во публикацијата ќе има податоци за сите борци кои дале својот живот во народно-ослободителната борба на македонскиот народ при злосторството во Беличица во кое се убиени и 17 мештани.