Ранетите се браќа од Гајре, итната помош ги однесе во Клиничкиот центар во Скопје.
Двајцата ранети во кругот на тетовската клиничка болница се браќа од Гајре, кои поради повредите беа однесени во скопскиот клинички центар.
Тие беа ранети околу 18 часот и 5 минути кога во СВР Тетово е пријавено пукање пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница. Двете лица од тетовското село Гајре се здобиле со прострелни рани.
-Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето, информира СВР Тетово.
Се работи на расчистување на случајот.