Камионите на противпожарната единица од Тетово не можат да дојдат до високите предели на Шар Планина над Селце каде што има петти ден голем шумски пожар, алармира командирот Авни Амети. Преку прес-конфренција во Општина Тетово, тој со апел и молба до државните институции да помогнат да се изгасне пожарот над Селце кој трае веќе петти ден. Тие можат да стигнат само со две теренски возила колку што имаат на располагање.
„Со сите сили се трудиме да го ставиме под контрола но теренот е тежок за пожарникарите да дојдат до огнот. Овој дел од планината е под надлежност на НП „Шар Планина“ и тие се првите кои треба да излезат на терен и да го локализираат пожарот. Вчера имав повик, беше побарано од нас да им помогнеме. Ние излеговме на терен и до 21 часот го гасневеме пожарот, а утрово од 7 часот, повторно сме горе и продолживме со гаснењето заедно со вработените од Националниот парк. За жал други институции не се влкучени и не знам зошто. Ги замолувам сите да се вклучат во гаснењето на пожарот за да се справиме со оваа катастрофа што не снајде. Штетата од пожарот е многу голема бидејќи гори високо квалитетна шума, изјави Авни Амети, командир на против пожарната единица од Тетово.
Мора луѓето да прекинат со палење на остатоци на нивите, бидејќи тоа е главната причина од појава на пожари. Тие ги палат стрништата и ги оставаат, потенцира командирот.
„Причината се знае, тоа е човекот. Земјоделците ги палат стрништата и еден мал ветер, огнот се проширува. Причината и за овој голем пожар кај село Селце е човекот, нема друга причина за да се создаде толку голем пожар, посочува Амети
Од сабајлево, четворица пожарникари се борат со огнот, како и девет луѓе од Национален парк Шар Планина.
„Се прошири линијата на огнот некаде два до три километри. Горат ливади, букова шума, биодиверзитетот се нарушува, затоа што страдаат инсекти и животни, апелирам да се вклучат и институции кои се обучени за гаснење на пожари па ако треба и полиција и армија. Површината е огромна над 100 хектари. Попладне ветерот се засилува и може да биде пожарот со поголем интензитет, изјави Ибрахим Дехари, директор на НП Шар Планина.
Полициски хеликоптер и денеска како и вчера исфрла вода врз огнот.
ас
фото НП Шар Планина