Полициските службеници од сообраќајната полиција во содејство со пајак служба подигнале 32 погрешно паркирани возила кои претежно во двоен ред на коловозот го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Вчера исто така во период од 05 до 11 часот била спроведена засилена контрола за брзината на движење на возилата при што биле констатирани и санкционирани 79 прекршоци (ТЕ-59 и ГВ-20) пречекорување на максималната дозволена брзина и тоа 33 (ТЕ) во населено место и 46 (ТЕ-26 и ГВ-20) прекршоци констатирани надвор од населено место.
-СВР Тетово апелира до возачите и пешаците да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да ја приспособат брзината според условите на патот и пропишаните правила, да возат ако се под дејство на алкохол, да внимаваат кај ги паркираат нивните возила. Затоа што, без исклучоци ќе бидат санкционирани сите прекршоци за да се овозможи нормален и проточен сообраќај, а исто така да се избегнуваат поголем хаос во сообраќајот или можни посериозни последици, посочуваат од СВР Тетово.
На сите возачи-прекршители им биле изготвени и законски предвидените поднесоци додека најбрзите возачи кои ја пречекориле брзината ќе се соочат и со заштитна мерка „Забрана за управување“ во рок од 3 до 12 месеци зависно големината на пречекорена брзина.