Соопштение на СВР Тетово 9 април 2024
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (08-април) во период од 11 до 16 часот, спроведена е акциска контрола на возила и возачи од јавни комунални претпријатија и правни лица кои вршат јавни услуги.
При контролата биле откриени и санкционирани 16 прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-13), од кои техничко неисправни биле 3 (ТЕ-1 и ГВ-2) и тоа со неисправни уреди за сопирање, 3 (ГВ) возила со помината важност на сообраќајна дозвола. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај, а против возачите односно правните и одговорните лица биле поднесени соодветни законски поднесоци. При контролата биле констатирани и санкционирани 13 (ТЕ-9 и ГВ-4) останати сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово го повторува апелот возачите и сопствениците на возилата од јавни комунални претпријатија и правни лица кои вршат јавни услуги, навремено да ја контролираат техничката исправност на возилата, со што ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на патниците кои ги превезуваат во јавниот превоз, како и другите учесници во сообраќајот
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (08-април) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 16 пешаци (ТЕ-8 и ГВ-8). Тие ги преминувале улиците надвор од обележани премини.
На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 6 (ТЕ) други видови на сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово го повторува апелот до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари, а возачите секогаш и секаде да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, со што и едните и другите ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.