Марија Костоска Наумовска, координатор на Форум на жени на Општинската организација на СДСМ Тетово на прес-конференција од тетовскиот плоштад побара за настаните во петокот кога беше пречекан косовскиот премиер, осуда да има од лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
-Христијан Мицкоски со денови молчи, нема осуда за настаните и провокациите што се случија во петокот. Ниту збор не кажа Мицкоски за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химната. Молчи Мицкоски и за провокациите. Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот. Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес конференции токму овде во општинската зграда. Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и ден денес и во советот на Тетово и во македонското Собрание, рече Марија Костоска Наумовска
Таа побара реакција да има и од советниците на ВМРО ДПМНЕ.
-Молчат и советниците од ДПМНЕ во Тетово, и тие го бранат Касами. Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии. Очигледно ова е „духот на коалицискиот договор“ за којшто зборуваа Мицкоски и Касами. Но и Мицкоски и Касами треба да знаат дека времето на национализам, на тензии е одамна завршено, граѓаните нема да дозволат нови поделби онакви какви што ДПМНЕ 11 години ги правеше, истакна Марија Костовска Наумовски координатор на Форум на жени на Општинската организација на СДСМ Тетово.
ас