Полициските службеници на СВР Тетово вчера (30 јануари) од 10 до 16 часот спровеле акциска контрола на возила и возачи, во рамките на која се проверувала техничката исправност на возилата, но и дали и колку од возачите користат сигурносни појаси и мобилни телефони додека возат.
Притоа, откриени и санкционирани биле 9 возачи (ТЕ-8 и ГВ-1) кои некористеле сигурносни појаси и 20 (ТЕ-18 и ГВ-2) кои возеле и зборувале на мобилен телефон. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра во денарска противвредност, а со адекватни поднесоци биле заокружени и 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-4).Покрај ова, санкционирани биле и 3 возила (ГВ) кои имале неисправни уреди за управување.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел и потсетување на возачите и совозачите задолжително да ги користат сигурносните појаси, а да се воздржуваат од употреба на мобилни телефони. Зашто, зборување на мобилен телефон или пишувањето пораки во голема мерка им ја намалува концентрацијата и вниманието, а со тоа ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Им се советува, исто така, редовно да ја проверуваат и техничката исправност на возилата кои ги управуваат и посебно сопирачките, уредите за управување и светлосните уреди. Со тоа секој и сите ќе придонесат за поголема безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје и пошироко