Пожарот во тетовско Фалише е сè уште активен, информираше Центарот за управување со кризи
-Иако со значително намален обем сè уште има пламен и чад. Тетовските пожарникари гаснеа непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење. Се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколку часа, се вели во информацијата од ЦУК.
Во пожарот во магацинот на фирмата Евроком кај тетовско Фалише што почна вчера околу 10 часот, изгореа бои и лакови и друг вид хемикалии, па надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, граѓаните да останат дома и со затворени прозорци. Според стручните лица согорувањето на вакви материјали создава отровни и штетни гасови во воздухот.