Од денес по втор пат оваа зимска сезона на Попова Шапка нема да работат ски-лифтовите поради немање доволно снег. Снежната покривка беше доволно висока за да функционираат ски-лифтовите и да има скијање од 20 до 28 јануари, а претходно од 18 до 24 декември.
– Ги информираме љубителите на скијањето дека поради немање соодветни услови за скијање, ски-лифтовите и жичниците во ски-центар „Попова Шапка“ нема да бидат во функција од утре, 29.01.2024 до нови врнежи на снег. Истовремено, Ве известуваме дека шестоседата жичница ќе работи од 10:30 до 15:30 часот исклучиво само за панорамски прошетки, информираа од ски-центарот преку официјалниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Деновиве на располагање на скијачите им беа ски-лифтовите Ге, Аеродром, Поток како и жичниците двосед Свети Илија и шестоседата жичница.