МАНУ е на сите нас и е една, вели за „Слободен печат“ академик Алајдин Абази, кој ја отфрла иницијативата на Вреди за формирање албанска академија на науките. Абази смета дека Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) треба да се отвори и за членови Албанци и за други заедници, но е против паралелна академија. Како решение за иницијативата на Вреди и на „Академското здружение за наука и уметност на Албанците“, академикот предлага да се формира центар на балкански студии, кој би бил посебна институција или во рамките на МАНУ.
Од формирањето на Македонската Академија на Науки и Уметности (МАНУ), досега само четворица Албанци станале академици, но тоа не значи дека треба да се направи паралелна академија. Може да му се понуди на Здружението да се формира центар на балкански студии, каде што ќе има не само Албанци, туку и од другите заедници. Академици Албанци сега се само двајца, а тоа е многу малку, вели академик Алајдин Абази, член на МАНУ во интервју за „Слободен печат“ на авторката Мариела Трајковска.
Целиот текст прочитајте го тука