Ранет со нож е 36 годишник од Тетово вечерва околу 18 часот, за што околу 22 часот е приведен една година постар жител на градот. Како што дознава Тетово инфо, двајцата се расправале, па едниот почнал физички напад и употребил нож. Тешко повредениот добил медицинска помош во тетовската болница по што бил однесен на скопските клиники.
-Денеска (27 јануари) околу 21 часот и 45 минути, на улица „Страшо Пинџур” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Д М.Тој се сомничи дека околу 18 часот и 15 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, физички го нападнал и со остар предмет го повредил 37-годишниот Ф.И., исто така, од Тетово. На повредувањето му претходела нивна меѓусебна вербална расправија, а Ф.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По приведувањето Д.М. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.