Осум македонски земјоделци и сточари од целата држава добија грант од Европската Унија со што ќе можат да набават опрема и технологија за ја унапредат нивната работа. Грантистите за модернизацијата Европската унија ќе добијат 208.029 евра, што претставува 75% од вкупната инвестиција, додека останатите средства се треба самите да ги обезбедат.
Финансиската поддршка е обезбедена од инвестирање Европската Унија преку проектот Агро Смарт развој на модерно одржливо земјоделство“, а го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија – МРФП.
„Избраните земјоделски задруги, сточарски фарми и претпријатија, со финансиската поддршка ќе обезбедат земјоделски дронови за скенирање и наводнување на насадите напреден софтвер за анализа и обработка на податоците со што земјоделците можат да ги намалат трошоците за наводнување, ѓубрење и заштита од инсекти и болести. Во Полошкиот регион, ќе се набави опремата која вклучува роботи специјализирани за чистење во сточарските фарми и автоматизирано хранење на телиња. Во Југоисточниот и Североисточниот регион ќе инвестира во автоматски системи за наводнување и ѓубрење како и во набавка на паметни уреди за мерење на индикаторите на почвата и временските услови адаптирани за специфичната култура која се произведуват, посочија денес од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на предавањето на договорите на грантовите во канцеларијата „Европска куќа“ на ЕУ во Тетово
Горан Матовски, чие семејство трета генерација се занимава со сточарство, рече дека со ова вложување ќе може уште повеќе да ја разива својата фарма која сега брои 250 грла говеда и над 2000 литри млеко.
„Пред неколку месеци учествувавме на информативните настани. Таму се информиравме за самиот повик и можноста да аплицираме за грант, за нешто што е модерно и различно во склад со последните трендови во делот на сточарство. Со инвестиција и поддршка на ЕУ ќе набавиме модерна опрема каде што робот за хранење на телињата или познато како вештачка мајка, каде ќе имаме подобра следливост и подобар развој на самите телиња и самата фарма. Робот за чистење на патеките за движење на кравите. Опремата ќе помогне за зголемување на квалитетот и на количината на млеко и здравствената состојба на самите животни, истакна Матовски.
Шефот за соработка на Делегацијата на Европската Унија Штефен Худолин, истакна дека голема е посветеноста на Европската Унија за развој на земјоделието преку поддршка на вакви развојни проекти.
Осумте грантисти се избрани во првиот повик, а во моментот има и тековна можност и други земјоделци и сточари да се пријават за добивање на грант.
ас