Полициските службеници на СВР Тетово продолжуваат со континуираните контролни активности за поголема сообраќајна безбедност на патиштата и улиците во регионот и пошироко.
Вчера (11 септември) од 6 до 11 часот спроведена е контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња, во која биле откриено и санкционирано 1 возило (ГВ) со неизвршен технички преглед и 2 возила (ТЕ) кои вршеле превоз без потребните документи. На возачите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци по Законот за возила и Кривичниот законик, зависно од видот и карактерот на констатираниот прекршок.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со повик до фирмите и поединците кои се непосредни учесници во јавниот превоз на патници на локално или меѓуградско ниво навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата и да се придржуваат до пропишаните ограничувања за максимален број на патници во нивните возила, односно да не практикуваат претовар. Зашто во спротивно ја доведуваат во ризик безбедноста на патниците, но и на другите учесници во сообраќајот