Стојче Делевски за Тетово инфо раскажа како се одвај се спасил од глутница бездомни кучиња. Останал неповреден, затоа што бегајќи од нив, му паднала храната која ја носел, па бездомните кучиња почнале да јадат.
„Одејќи по тоа патчето кај стадионот тука во Тетово кај спортски центар, движејќи се по патот, ми се пуштија 20 кучиња од прилика викам 20. Тоа беше група толпа, кучиња, група цела. Шарпланинци, загари, не знам какви се, ако те фати за нога ќе те искине. Се спасив со рипање во вис. Носев јадење во раката, носам на постар човек, и се истури на земја. Подобро што се истури, почнаа да јадат кучињата и не ме каснаа, вели Стојче.
То вели дека и на единствениот повикувачки број 112 го пријавил случајот барајќи да се преземе нешто.
„Најново што разбрав е дека каснале дете.Да се превземе нешто да се преземат мерки затоа што ќе каснат и некои други. И да се преземе нешто зошто сите сме родители, во спротивно ќе мора ние родителите да се организираме ние сами да преземеме мерки, вели Стојче.