Две приведувања вчера во Тетово бележи СВР Тетово. Лишен од слобода бил 37 годишник осомничен за кражба, а 41 годишник за одбивање на полициска наредба и агресивно однесување. Пријавено во СВР Тетово повреда при напад од бездомно куче.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (27 септември) околу 18 часот и 50 минути на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот тетовец Г.С. поради сомнение дека околу 14 часот извршил кражба во патничко моторно возило „фиат добло“ на улица „Јане Сандански“ во Тетово. Кај него бил пронајден и одземен личен предмет, кој подоцна вратен му е на сопственикот Ш.А.(45) од Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.
Вчера (27 септември) околу 18 часот и 10 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 41-годишниот тетовец Л.П. кој се однесувал агресивно кон нив и одбивал полициска наредба. Задржан е во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе следува поднесок.
Дваесет и четиригодишниот тетовец А.Б., вчера (27 септември) во 20 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово бил каснат од куче скитник.